Асистент за Лизинг

DEKRA
  • Објавено на: 19/07/2022

Во име на нашиот клиент East Gate Mall, ,првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк, чија цел е да го подигне животниот и деловниот стандард и да донесе нова енергија во срцето на градот преку воведување на нов животен стил , ДЕКРА ја огласува следната позиција :

  • Асистент за Лизинг

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Ги администрира условите за закуп со трговците или потенцијалните закупци со цел да се склучат договори и да се достават понуди;
  • Подготвува начелни услови за потенцијалните трговци кои се заинтересирани за земање простор под закуп;
  • Оддржува дата база на потенцијални кандидати како и оддржува и ажурира листа на потенцијални клиенти на трговскиот центар (листа на чекање);
  • Ги администрира договорите за закуп и внесува податоци во ЕРП систем или други помошни системи поврзани со администрирање на договорите за закуп;
  • Ги подготвува и ги обезбедува сите потребни документи за договори, измени, прегледи на закупи, пропратни листи и понуди;
  • Помага во подготовка на годишен буџет за закуп и се придржува до истиот;
  • Пружа корисничка поддршка за сите закупци;
  • Се вклучува во процесот на преговарање со потенцијални клиенти за изнајмување на киосци;
  • Ја администрира дополнителната документација(одлуки, спогодби) поврзана со договорите за закуп на локал и киоск;
  • Ја следи на динамиката за достава и проверка на банкарските гаранции согласно договорите за закуп на деловните објекти;
  • Ја следи динамиката за достава на депозити и полиси за осигурување согласно договорите за закуп на киосци.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Високо образование во областа на општествените науки(Економија, Право, Бизнис Администрација);
  • Работно искуство минимум 3 години на иста или слична работна позиција;
  • Одлично познавање на Microsoft Office;
  • Одлично познавање на Англиски јазик.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Изразени аналитички способности;
  • Одговорност и ориентираност кон резултати;
  • Развиено чувство за работна етика;
  • Ориентираност кон клиенти;
  • Способност за самостојна и тимска работа;
  • Силни организациски и интерперсонални вештини;
  • Способност за работа под притисок и пресретнување рокови.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака за која позиција аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е: 12.08.2022

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 12.08.2022
  • Индустрија: Секретарска и административна работа
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.