Во име на нашиот клиент Grant Thornton Consulting DOO, дел од групацијата Grant Thornton International Limited, една од водечките организации во светот која обезбедува ревизорски, даночни и советодавни услуги, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Даночен консултант
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Учество во изготвување на даночни мислења, анализи и студии;
- Учество во проверка и контрола на ДДВ, данок на добивка, задржан данок и персонален данок;
- Учество во изготвување на студии за трансферни цени;
- Учество во изготвување на даночни длабински анализи;
- Следење, истражување, анализа на даночните закони;
- Комуникација со релевантни државни институции.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
- ВСС (Економски факултет);
- 2-3 години работно искуство;
- Одлично говорење и пишување на деловен англиски јазик;
- Познавање на даночна и сметководствена регулатива;
- Одлично познавање на Microsoft Office и развиени компјутерски вештини.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:
- Одлични комуникациски и меѓучовечки односи;
- Способност за одржување дискреција при справувањето со доверливи информации;
- Самодоверба и способност за работа по своја иницијатива и со ограничен надзор;
- Мотивација за напредување и развој во кариерата.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 28.05.2023
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено