ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

DEKRA
  • Објавено на: 13/05/2022

Во име на нашиот клиент, Караџи Турс Балкан ДОО, тур-оператор и транспорт на патници, кој постои 10 години, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

       ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото
  • Комуникација со финансиски и државни институции
  • Плаќање на налози
  • Управување со готовински текови
  • Срамнување на картички со коминтенти
  • Следење на наплативоста на побарувачката
  • Изготвување на компензации и цесии
  • Контрола на конта
  • Контрола на пресметка на плати
  • Изработување на ДДВ пријави
  • Изработување и поднесувања на КИПО,КВС,ВСС и слично
  • Подготовка и поднесување на завршни сметки
  • Изработка на извештаи за статистика
  • Водење на ревизија

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС (Економски факултет)
  • Уверение за сметководител/Овластен сметководител
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Познавање на Microsoft Office
  • Работно искуство во областа на сметководството

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Одлично познавање на сметководствените стандарди и принципи, вклучувајќи ги и меѓународните сметководствени стандарди прифатени во Република Северна Македонија
  • Одлично познавање на даночната регулатива
  • Способност за организирање, контролирање и бодење на тимот за сметководство
  • Одлични комуникациски и меѓучовечки односи
  • Способност за размислување однапред и предвидување на потребите пред да настанат
  • Способност за одржување дискреција при справување со доверливи или осетливи работи

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови,  своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 30/05/2022.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 30.05.2022
  • Индустрија: Сметководство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.