ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР/ АРХИТЕКТ

DEKRA
  • Објавено на: 19/09/2023

 Во име на својот клиент, La Piz powered by Darvage, современ изведувач на станбено-деловни објекти за квалитетно домување со врвна архитектура, висока естетика и имплементирани технолошки решенија, ДЕКРА ја огласува следната работна позиција:

  • ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР/ АРХИТЕКТ 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Одговорен за успешно и квалитетно известување на објектите и врши непосредна контрола врз изградба на објектите;
  • Следење, реализација, проверка на количините на материјалите и потврда за нивната веродостојност вградена во месечните, годишните, збирните ситуации за извршените работи;
  • Грижа и надзор за навремено водење на градежните книги, дневници и решенија за одговорните лица на изведувачите на објектите;
  • Координација и налог за постапување на изведувачите и на другите субјекти;
  • Правење спецификација на потребните материјали за работа согласно Предмет пресметка и Динамички план;
  • Раководење, обезбедување и координирање на проекти и усогласување, контрола и синхронизација на сите фази на изведба;
  • Навремено обезбедување на потребните ресурси ( работна сила, опрема и материјали) од почеток до крај со внимание на буџетските ограничувања.

 ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС, соодветно високо образование ( Градежен факултет, Архитектонски факултет);
  • Минимум 2 (две) години работно искуство во областа;
  • Познавање на MS Office пакетот, AUTOCAD и интернет;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија, активен возач.

 ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Способност во организирање на ресурси и поставување на приоритети;
  • Одлични организациски вештини со флексибилен пристап кон работите и ориентираност кон изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа;
  • Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
  • Способност за работа под притисок и во дадени рокови;
  • Работа на повеќе проекти истовремено.

 ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 19.10.2023
  • Индустрија: Архитектура, градежништво, геодезија
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.