ИТ КООРДИНАТОР

ОКТА АД- Скопје
  • Објавено на: 06/09/2021

Во име на нашиот клиент- ОКТА АД- Скопје, дел од Групацијата Хеленик Петролеум и најголем снабдувач на горива во земјата, кој нуди врвни иновативни и конкурентни енергетски производи и услуги, пионер во промовирање на одржлив развој и енергетска транзиција, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • ИТ КООРДИНАТОР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Грижа за непрекинато и за континуирано функционирање на системот; решавање проблеми, интервенции;
  • Комуникација со сите корисници, утврдување на нивните недостатоци и потреби во нивната секојдневна работа;
  • Комуникација со надворешни соработници;
  • Креирање на мрежна инфраструктура и корисници, контрола на пристапот на корисниците на податоци и управување со непотребна безбедна мрежа;
  • Асистирање при креирање на ERP решенија и давање совети / контрола за одредени пристапи за корисниците;
  • Имплементирање, тестирање на нова работна опрема, како и нови програми;
  • Преглед, контрола и известување за сите телекомуникациски услуги и сервиси во компанијата;
  • Имплементација на ИТ политики и развој на нови;
  • Работа на проекти со дефинирани рокови и ресурси;
  • Планирање на времето и категоризирање на приоритетите за извршување на задачите во тимот;
  • Извршување други задачи во доменот на стручната квалификација.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС – Факултет за информатички науки (ФИНКИ, ФЕИТ или друг сличен факултет);
  • Најмалку 5 години релевантно работно искуство на слични работни позиции;
  • Работење со SQL бази на податоци;
  • Познавање на програмирање во различни бази на податоци;
  • Работење со ERP процеси;
  • Конфигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches, routers, FO…);
  • Познавање на мрежни принтер апарати.

СЕРТИФИКАТИ

  • Поседување сертификат за работа со SQL бази на податоци ќе се смета за предност;
  • Поседување сертификат за кон фигурирање на мрежна опрема CISCO или HP (switches,routers, FO…) ќе се смета за предност.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Работење со MS Office;
  • Искуство во администрација на SAP ќе се смета за предност;
  • Возачка дозвола, Б-категорија;
  • Одлично познавање англискијазик;
  • Одлични организациски и аналитички способности;
  • Добри комуникациски вештини;
  • Мобилност и флексибилност;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Работа со кратки рокови;
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност, одговорност, доверливост.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Клиентот нуди можност за континуирано учење и професионално надоградување.

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е : 27/09/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 27.09.2021
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.