Контролинг Менаџер

East Gate Mall
  • Објавено на: 09/08/2022

Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата: 

  • Контролинг Менаџер 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Изработува извештаи/анализиза сите материјално-финансиски промени и трансакции во Друштвото во согласност со сметководствената политика и законската регулатива,Групациските политики и процедури; 
  • Ги идентификува неправилностите во работењето и дава препораки за мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците; 
  • Ги изготвува интерните правила и процедури на работење; 
  • Спроведува  интерни контроли за примена на воспоставените  процедури  од страна на вработените во Друштвото; 
  • Обезбедува објективни совети и насоки за вработените во Сметководство и Финансии; 
  • Врши книжење во компјутерскиот/сметководствениот програм на Друштвото, и врши контрола на аналитичките картици поврзани со прокнижени документи; 
  • Врши надзор на други соработници. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ 

  • Претходно работно искуство од 10 години на иста или слична работна позиција; 
  • Завршено високо образование од областа на економија и финансии; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво); 
  • Уверение за овластен ревизор. 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ 

  • Добри комуникациски и организациски способности; 
  • Одлично познавање на MS Office; 
  • Познавање и работа со Pantheon; 
  • Одлични аналитички способности. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака за позицијата за која аплицираат. 

Крајниот рок за аплицирање е 30/08/2022. 

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 30.08.2022
  • Емаил за апликација: rabota.arbeit.mk@dekra.com
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.