МАГАЦИОНЕР

DEKRA
  • Објавено на: 18/01/2024

Реномирана фирма – ексклузивен ресторан од Скопје The Hunter’s Lodge KAMNIK има потреба од следната работна позиција:

  • Магационер

Главни oдговорности и oбврски:

  • Прием и издавање на стока/артикли во магацин и водење евиденција за истото
  • Соодветно складирање, чување на производите во магацинот, како и издавање на производите од магацинот
  • Редовно и комплетно пополнување на документацијата за магацинското работење
  • Проверка на квалитет и квантитет на примена и издадена стока/артикли
  • Примање, давање и пренос на стока и потребни материјали, како и архивирање на соодветната документација
  • Одржување на ред и хигиена во магацинските простории
  • Грижа за правилно складирање, чување и манипулација со производите, како и грижа на магацинските простори

Очекувани квалификации:

  • Завршено средно образование
  • Висока работна етика
  • Основно познавање на англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија
  • Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност

Потребни способности и вештини:

  • Примена на организациски вештини во магацинските простории
  • Развиени комуникациски вештини
  • Познавање и интерес за вина и храна
  • Совесност и одговорност во извршување на рабoтните задачи
  • Тимска личност

Компанијата за своите вработени нуди:

  • Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
  • Конкурентна плата
  • Платена храна – обезбеден оброк и пијалоци
  • Можност за усовршување и напредок

Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: vrabotuvanje@kamnik.mk

За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.

 

 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 18.02.2024
  • Емаил за апликација: vrabotuvanje@kamnik.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.