Маркетинг Менаџер

DEKRA
  • Објавено на: 06/02/2023

Во име на нашиот клиент СОКО Горица, компанија специјализирана за производство на сокови, со пласман на 35 пазари на 5 континенти, кое брои над 80 вработени, ДЕКРА ја објавува позицијата:

  • МАРКЕТИНГ МЕНАЏЕР

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Развој на маркетинг стратегија и планирање на кампањи кои можат да ги промовираат производите на сегашните и на потенцијалните клиенти;
  • Имплементација на маркетинг кампањите од идеја до финална анализа на перформансите на маркетинг кампањите;
  • Создавање привлечна и информативна содржина за веб-страната, социјалните медиуми и сите други маркетинг канали кои може да бидат од бенефит;
  • Градење одржливи односи и партнерства со други клучни играчи како што се добавувачи, рекламни агенции, креативните уметници и сл;
  • Планирање и организирање настани, саеми, конференции итн;
  • Анализа на податоци за да се идентификуваат можностите за раст на постоечките пазари или развој на нови пазари;
  • Воспоставување долгорочни стратешки планови за постигнување на целите на компанијата, како што се зголемување на свеста за брендот или зголемување на уделот на пазарот;
  • Развивање и имплементација на стратегии за привлекување нови клиенти, зголемување на свеста за брендот и зголемување на лојалноста од постојните клиенти;
  • Развој на нови производи врз основа на преференциите на клиентите и трендовите на пазарот;
  • Одредување кои методи на рекламирање се најефективни за компанијата врз основа на трошоците, досегот и повратот на инвестицијата.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • ВСС ( маркетинг или сродни области );
  • Минимум 5 годишно искуство на слична позиција во маркетинг;
  • Како предност ќе се смета познавањето на алатки за графичка продукција и менаџирање на социјални мрежи.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Познавање на Microsoft Office;
  • Возачка дозвола Б категорија – активно возачко искуство.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 20.02.2023
  • Емаил за апликација: rabota.arbeit.mk@dekra.com
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.