Менаџер за парични текови/ Treasury Manager

East Gate Mall
  • Објавено на: 09/08/2022

Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата: 

  • Менаџер за парични текови/ Treasury Manager 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО 

  • Ги следи сите уплати на сметки на Друштвото; 
  • Менаџира готовински текови во реално време; 
  • Развива и имплементира алатки за контрола и мониторинг на движењето на готовината; 
  • Подготвува проекции за парични текови; 
  • Усогласува побарувања и обврски; 
  • Ги планира денарските и девизнити плаќања согласно роковите и врши денарски и девизни плаќања како и евидентира девизини приливи од странство; 
  • Праќа известувања за извршени плаќања до добавувачи; 
  • Изработува и евидентира документи за компензација; 
  • Ја следи и контролира наплатата; 
  • Комуницира со банки; 
  • Прима и проверува влезни фактури од банки; 
  • Изработува финансиска документација и фактури; 
  • Го одредува благајничкиот максимум; 
  • Дава налози за изработка и доставување на налози во денарски платен промет; 
  • Врши сродни работи. 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ 

  • Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција со искуство во изработка на амортизациони планови, искуство во изготвување на cash-flow report, искуство во соработка со банки и договори за порамнување; 
  • Претходно работно искуство во корпоративна средина ќе се смета за предност; 
  • Сертифициран/а Trade Finance, лиценца за овластен сметководител; 
  • Завршено високо образование од областа на сметководство и ревизија; 
  • Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво). 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ 

  • Добри комуникациски и организациски способности; 
  • Одлично познавање на MS Office; 
  • Мин. 5 години работа со Pantheon; 
  • Одлични аналитички способности. 

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на: rabota.arbeit.mk@dekra.com со назнака за позицијата за која аплицираат. 

Крајниот рок за аплицирање е 30/08/2022. 

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор. 

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост. 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 30.08.2022
  • Емаил за апликација: rabota.arbeit.mk@dekra.com
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.