ОФИС АДМИНИСТРАТОР

Asta Adria
  • Објавено на: 29/06/2021

ASTA ADRIA е групација на фери агенти со примарна дејност организација, резервација и продажба на билети за карго и патнички ферибродски транспорт. Групацијата нуди голем број на фери дестинации низ цела Европа со постојан тренд на секојдневно ажурирање и проширување на понудата и подобрување на условите за патување.
За потребите на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција:

ОФИС АДМИНИСТРАТОР

 

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Прием, контрола и книжење на влезни фактури од добавувачи;
  • Изготвување на излезни фактури, книжни одобренија и задолженија, сторно;
  • Електронско плаќање во земјата и странство;
  • Книжење банкарски изводи, влезни материјални и финансиски фактури;
  • Водење на благајна и подготовка на дневен пазар,
  • Подготовка и книжење на патни налози;
  • Подготовка на документи за месечен ДДВ и завршни сметки и координација со екстерно сметководство;
  • Комуникација со добавувачи и клиенти;
  • Сложување на аналитички картици со купувачи и добавувачи;
  • Комуникација и активности поврзани со државни институции (УЈП, НБРМ,…);
  • Архивско работење;
  • Пријава и одјава на вработени во АВРМ и ФЗОМ;
  • Водење матична книга на вработени;
  • Изготвување Договори со коминтенти.

 

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС;
  • Минимум 1 до 3 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на Англиски јазик;
  • Одлично владеeње на MS Office пакетот;
  • Сертификати и лиценци од областа на сметководство, финансии или администрација ќе се сметаат за предност;

 

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Прецизност при обработка/внес на податоци
  • Самоиницијативност и проактивност
  • Лојалност, посветеност и доверливост во извршување на секојдневните обврски
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Способност за поставување приоритети и управување со време;
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури на работење;

 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални  биографии можат да ги испратат на job@dekra.mk со назнака “за позиција Офис Администратор”.

Крајниот рок за аплицирање е 01/08/2021.

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

 

 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 01.08.2021
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Секретарска и административна работа
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.