ОТВОРЕНИ ПОВЕЌЕ РАБОТНИ ПОЗИЦИИ

Салвео
  • Објавено на: 30/12/2021

Салвео е Фармацевтска Компанија основана 2017 година во Македонија, како Друштво со ограничена одговорност со седиште во Белград.

Компанијата постои повеќе од 10 години на територијата во Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, како и во Полска.

Стратешки партнер на Салвео е Германската компанија Engelhard, произведувач на Prospan – растителен лек против кашлање, кој е лидер во својата категорија во светот и во Србија.

Целта на Салвео е изградба на здрави, успешни и познати трговски брендови на иновативни Фармацевтски производи.

Во тоа клучна улога има креативниот и динамичен тим на професионалци за продажба и маркетинг кои го следат развојот на работењето, како и успешниот пласман на новите производи на Странските Фармацевтски компании на пазарот.

Растот и успехот на Салвео се резултат на деловната ориентираност на задоволство на нашите потрошувачи, деловни партнери и вработени.

Она што Салвео го чини единствен и препознатлив на пазарот се луѓето вработени во компанијата.

Доследноста, ентузијазмот, флексибилноста и отвореноста се особини кои ги карактеризираат вработените како својствени и посебни.

Салвео Македонија ги застапува производите на Германската компанија Merz, Холандската компанија Serrix а од 01.07.2021 е и генерален застапник на Германската компанија Engelhard со добро познатите брендови како што се Prospan, Trachisan, Isla пастили, Nisita, Esprico, Tyrosur.

 

Поради проширување на работењето друштвото има отворено 4 (четири) слободни работни позиции за:

  • Менаџер за производи за Скопје
  • Деловен асистент за Скопје
  • Стручно комерцијален претставник за Скопје
  • Стручно комерцијален претставник за Источна Македонија

 

Потребни квалификации за работното место Менаџер за производи за Скопје:

  • VII степен на стручна подготовка – Факултет од медицинските области;
  • Претходно работно искуство на работни места од областа на маркетинг во фармацевтска индустрија;
  • Стручно знаење од областа на финансиите, поставување буџет, знаење од областа на маркетинг, водење и управување со проекти;
  • Англиски јазик, напредно ниво;
  • По можност познавање на германски јазик;
  • Познавање на работа со MS Office, напреден степен на знаење.

Опис на работа:

  • Изработка и спроведување на маркетинг плановите за брендови, како и кварталните планови;
  • Анализа на пазарот за потенцијални нови производи и резултатот од продажбата и подготовка на активности за маркетинг за наредниот период;
  • Осмислување и подготовка на активностите за маркетинг и материјалите за стручната и општата јавност;
  • Соработка со агенциите и печатниците;
  • Анализа на пазарот и процена на производите за воведување потенцијално нови производи во асортиманот на друштвото;
  • Едукација на стручните соработници;
  • Организација и учество на стручни средби.

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски вештини;
  • Аналитички вештини;
  • Вештина на управување со време, енергија и стрес;
  • Тимска работа и соработка;
  • Возачка дозвола Б.

 

Потребни квалификации за работното место Деловен асистент за Скопје: 

  • VII степен на стручна подготовка – ВСС по можност економски смер;
  • 2 години работно искуство во исти или слични работни места;
  • Познавање на правилата за деловната коресподенција;
  • Англиски напредно ниво;
  • Германски основно ниво;
  • Познавање на пакетот MS Office, напреден степен на знаење.

Опис на работа:

  • Изработка на месечни и квартални извештаи за работењето на претпријатието, продажбата, маркетингот и трошоците за канцеларискиот простор;
  • Водење сметководствена администрација;
  • Водење кадровска администрација;
  • Водење канцелариски и останати административни работи;

Потребни вештини и способности

  • Комуникациски вештини;
  • Административни и организациски вештини;
  • Аналитички вештини;
  • Вештина за решавање проблем;
  • Вештина за управување со време, енергија и стрес;
  • Тимска работа и соработка;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Потребни квалификации за работното место Стручно комерцијален претставник за Скопје и Источна Македонија:

  • VII степен на стручна подготовка – Фармацевтски, Медицински или Стоматолошки факултет;
  • 1 година работно искуство.

Опис на работа:

  • Промоција и презентација на производите;
  • Изработка и имплементација на маркетинг планови и реализација на зададените цели;
  • Редовни извештаи од теренска работа;
  • Следење и анализа на фармацевтскиот пазар.

Потребни вештини и способности:

  • Комуникациски и презентациски;
  • Продажни и преговарачки вештини;
  • Вештина на влијание и управување со разговор;
  • Вештина за управување со време, енергија и стрес;
  • Тимска работа и соработка;
  • Англиски јазик среден до напреден степен;
  • Познавање на работа со компјутери;
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

САЛВЕО НУДИ

  • Високи стандарди на работа;
  • Работно опкружување каде вработените се на прво место;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Слободен ден за Бадник и роденден;
  • Јубилејни награди;
  • Континуирано вложување во личен и професионален развој.

 

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинска личност за некоја од наведените работни позиции, испратете кратка биографија и препораки на е-мејл адресата s.arsovska@Salveo-pharma.com , најдоцна до 31.01.2022 година, со назнака за која работна позиција аплицирате.

Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор.

Со аплицирањето, Вие сте согласни да го задржиме Вашето CV и лични информации во нашата база на податоци, дозволувајќи ни да Ве контактираме за некоја идна позиција која е во согласност со Вашите квалификации и интереси. Доколку не сакате Вашето CV да биде зачувано, наведето го тоа во Вашата електронска порака.

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 31.01.2022
  • Емаил за апликација: s.arsovska@Salveo-pharma.com
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.