Отворени работни позиции во Триглав Осигурување Живот

Триглав Осигурување Живот
  • Објавено на: 27/11/2020

Во соработка со Триглав Осигурување Живот, друштво кое е дел од најголемата групација во регионот, ДЕКРА ги огласува следниве работни позиции:

 

1.Раководител на служба за развој на интерна продажна мрежа

2. Раководител за развој на директна продажба

3. Сметководител

4.Советници за развој на интерна продажна мрежа

5. Самостоен експерт за маркетинг менаџмент

6. Самостоен експерт за правни прашања и усогласеност со прописи

7. Самостоен стручен соработник за управување со надворешни канали

8. Стручни соработници за управување со надворешни канали

 

 

 

Опис на работното место

 

 

1.РАКОВОДИТЕЛ НА СЛУЖБА ЗА РАЗВОЈ НА ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА

Опис на работно местo:

  • Планира стратегија за продажба на дневно, месечно и годишно ниво
  • Дефинира планови за продажба за секој вработен во службата
  • Подготвува извештаи за реализација на продажбата на неделно, месечно и годишно ниво
  • Планира стратегија за развој на нови производи и развој на продажни канали
  • Прави анализа за воведување на нови производи и предлага воведување на нови производи
  • Организира, подготвува и води продажни презентации, иницира и води состаноци со потенцијали клиенти

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 4 години претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Изразени раководни способности
  • Изразени комуникациски и организациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

 2. РАКОВОДИТЕЛ ЗА РАЗВОЈ НА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

Опис на работно местo:

  • Иницира состаноци со потенцијални осигуреници
  • Работи на склучување договори за осигурување со физички и правни лица
  • Работи на развој на квалитетно портфолио за склучени полиси
  • Предлага активности за промоција и зголемување на продажбата
  • Го спроведува планот за продажба
  • Подготвува дневни, неделни и месечни извештаи за продажните резултати во рамките на своето работење

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 3 години претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Изразени комуникациски и организациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

3.СМЕТКОВОДИТЕЛ

 Опис на работно местo:

  • Организација, координација и контрола на сите активности поврзани со сметководственото работење во Друштвото
  • Одговорен за водење на главните книги на Друштвото и контрола на усогласеноста со помошната евиденција
  • Спроведување на сметководствената политика на Друштвото
  • Одговорен за примена на контниот план во согласност со сметководствените стандарди, законски и подзаконски акти
  • Подготовка на сметководствени извештаи

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Минимум ССС
  • Минимум 3 години претходно работно искуство на иста позиција
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

4. СОВЕТНИЦИ ЗА РАЗВОЈ НА ИНТЕРНА ПРОДАЖНА МРЕЖА

Опис на работно местo:

  • Иницира состаноци со потенцијали осигуреници
  • Работи на склучување на договори за осигурување со физички и правни лица
  • Води разговори со потенцијали осигуреници во врска со правата и обврските од договорите за осигурување
  • Го спроведува планот за продажба
  • Предлага активности за промоција и зголемување на продажбата
  • Учествува на продажни состаноци и продажни семинари од областа на осигурувањето

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Минимум ССС
  • Минимум 1 година претходно работно искуство
  • Изразени комуникациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Ofiice

 

5. САМОСТОЕН ЕКСПЕРТ ЗА МАРКЕТИНГ МЕНАЏМЕНТ

Опис на работно местo:

  • Подготовка на годишна ПР и маркетинг стратегија на Друштвото и ја конторлира нејзината примена
  • Обработува ПР текстови за потребите на Друштвото
  • Ги организира набавките во Друштвото
  • Работи на целосна подготовка и реализација на документацијата/материјалите за промоција на нови производи
  • Подготвува месечни извештаи за преземените активности

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 4 години претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Изразени комуникациски и организациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

6. САМОСТОЕН ЕКСПЕРТ ЗА ПРАВНИ ПРАШАЊА И УСОГЛАСЕНОСТ СО ПРОПИСИ

Опис на работно местo:

  • Ги следи законските прописи и внимава на усогласеност на актите и работењето на Друштвото со позитивните законски прописи
  • Следење на усогласеноста, давање на препораки и известување за одредени неусогласувања
  • Подготовка на документација потребна за органите на управување и надзор во Друштвото
  • Иницијатива за донесување и учество при подготовка на општи и поединечни акти од делокругот на работењето на Друштвото
  • Правно советување и соработка со судовите, државните органи и надворешни организации
  • Застапување на Друштвото пред судовите и другите органи

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 5 години претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Положен правосуден испит
  • Изразени раководни способности
  • Изразени комуникациски и организациски способности
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

7. САМОСТОЕН СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИ КАНАЛИ

Опис на работно местo:

  • Работа на терен за поддршка и координација со надворешните канали
  • Споделување на информации за промотивни производи и предности на производите
  • Дава поддршка во реализација на премијата на Банките и осигурително брокерските друштва
  • Редовно запознавање и информирање на претпоставените за преземените активности

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено високо образование
  • Минимум 3 години претходно работно искуство на иста или слична позиција
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

8. СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО НАДВОРЕШНИ КАНАЛИ

Опис на работно местo:

  • Подготовка на месечни извештаи
  • Работа на терен за поддршка и координација со надворешните канали
  • Дава поддршка во реализација на премијата на Банките и осигурително брокерските друштва
  • Изработува анализа за потребите на процесот на работење
  • Споделување на информации за промотивни производи и предности на производите
  • Дава предлози за унапредување на продажбата преку надворешните канали

Потребни квалификации, лични карактеристики и способности:

  • Завршено ССС или ВШС
  • Минимум 2 години претходно работно искуство 
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа во Microsoft Office

 

 

Дополнителни информации

Крајниот рок за аплицирање е:  5/12/2020

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.

Сите заинтересирани кандидати можат да аплицираат со испраќање на своите проофесионални биографии на е-маил work@dekra.mk со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

 

*Со испраќањето на Вашата професионална биографија, согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.

Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 05.12.2020
  • Емаил за апликација: work@dekra.mk
  • Индустрија: Осигурување
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.