Отворени позиции од областа на градежништво во Франција

DEKRA
  • Објавено на: 11/01/2019
Опис на компанијата

Наш клиент е француска компанија од областа на градежништвото со седиште во околината на Париз која се занимава со високоградбa како и реконструкција на објекти. Поради зголемениот обем на работа со изградба на станбени згради, деловни и индивидуални објекти, индустриски погони и други градби, ги огласуваме следните работни позиции со можност за  долготрајно вработување: 

Раководител на градежни работи

Одговорен на градилиште

Одговорен на тим

Армирач        

Ѕидар

Шалувач

 

 

Потребни квалификации
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција (задолжително)
  • ЕУ државјанство (задолжително)
  • Основно познавање на Англиски јазик ќе се смета за предност
Професионални знаења и способности
  • Добра здравствена состојба  и психофизичка подготвеност
  • Професионалност во извршување на секојдневните обврски и одговорност при следење на компаниските правила и процедури
  • Способност за тимска и физичка работа во мултикултурна средина
  • Желба и подготвеност за живеење во странство
Дополнителни информации

Работни услови:

  • Месечна нето плата од 1700 до 3000 Евра во зависност од позицијата
  • Вкупно 39 работни часа неделно
  • Можност за месечни бонуси и награди
  • Платен превоз од и до работното место
  • Службено возило и телефон во зависност од позицијата
  • Платено сместување
  • Платен авионски билет до Париз
  • Договор на неопределено време по успешно поминат пробен период од 3 до 6 месеци

 

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите лични податоци или професионални биографии со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат на мејл - work@dekra.mk.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Париз, Франција
  • Истекува на: 10.03.2019
  • Емаил за апликација: work@dekra.mk
  • Индустрија: Архитектура, градежништво, геодезија, Градежничка работа
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.