Во име на нашиот клиент М КОНСАЛТИНГ ТП, сметководствено биро кое што нуди сметководствени и финансиски услуги, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- Овластен сметководител/сметководител
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Познавање на финансии – материјално и финансово сметководство;
- Книжење на изводи денарски и девизни;
- Влезни калкулации (денарски и девизни);
- Пресметка на плати;
- Пресметка на даноци и составување на даночни пријави;
- Изработка на завршна сметка се смета за предност.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Завршен економски факултет;
- Најмалку три години работно искуство во областа на сметководство;
- Способност за самостојна работа;
- Способност за усовршување на нови знаења;
- Дисциплинирана и комуникативна личност;
- Одговорна и ажурна личност.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Работното време е од 08:00-16:00 часот од Понеделник до Петок.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 28.12.2024
- Емаил за апликација: rabota.arbeit.mk@dekra.com