Раководител на продажба

DEKRA
  • Објавено на: 12/08/2022

Во име на нашиот клиент Генерали Инвестментс АД Скопје, Друштво за управување со инвестициски фондови, ДЕКРА ја огласува позицијата:

  • Раководител на продажба

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Истражување и анализа на можности за продажба;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи и анализи

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • ВСС– Економски факултет;
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Комуникациски и презентациски вештини;
  • Разбирање на деловни процеси.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Одлични организациски и комуникациски способности;
  • Професионалност и одговорност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Флексибилност за патување.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии ,може да ги проследат на: job.arbeit.mk@dekra.com со назнака за која позиција аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 29/08/2022 година.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com 

 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 29.08.2022
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.