РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА

DEKRA
  • Објавено на: 08/07/2021
Опис на компанијата

Наш клиент е компанија, со висока општествената одговорност, која се занимава со продажба и дистрибуција на светски брендови на јаки алкохолни пијалоци со докажана традиција. Компанијата има вкупно учество од 50% од целокупниот увоз на алкохол на македонскиот пазар, остварувајќи ја  продажбата во HoReCa сегментот, како и на off-tradе маркетот. За нивните потреби, ДЕКРА ја огласува следната позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА ПРОДАЖБА

Опис на работното место
  • Креирање, имплементација и евалуација на продажна стратегијата
  • Истражување и идентификување на нови можности за развој и ширење
  • Активно следење и анализа на конкуренција , цени, потрошувачи и трендови на пазарот
  • Спроведување на активности со цел континуирана промоција на брендовите
  • Буџетирање и подготовка на месечни, квартални и годишни финансиски извештаи и анализи
  • Координирање и контролирање на работните процеси на комерцијалистите и дистрибутерите
  • Развивање и одржување на долгорочни односи со постоечки и потенцијални клиенти

 

Потребни квалификации

 

  • ВСС;
  • Минимум 5 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Искуство во подготовка на финансиски извештаи и анализи
  • Солидно познавање на Англиски и Хрватски јазик
  • Одлично владење на MS Office пакетот
  • Познавање на работа во ERP систем
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Професионални знаења и способности
  • Високо развиени лидерски способности, стратешки и организациски вештини
  • Високо развиени комуникациски и преговарачки вештини;
  • Проактивна и амбициозна личност која ги извршува секојдневните задачи со високо ниво на доверливост, посветеност и одговорност
  • Способност за работа под притисок и работа со таргети
Дополнителни информации

Клиентот нуди можност за раст на повисока позиција по одреден период, како и службено возило и континуирано професионално напредување преку доедукација и професионални обуки.

 

Доколку сте заинтересирани за работа во успешна и стабилна компанија која терставува интернационални брендови и ги исполнувате горенаведените услови својата професионална биографија (CV) може да ја испратите на e-mail: job@dekra.mk

Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

 

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

 

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 02.08.2021
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Продажба
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.