Регионален Менаџер за клучни купувачи

Galenika
  • Објавено на: 16/04/2021

Фармацевтската компанија Галеника, за нивното претставништво во Скопје, објавува оглас за вработување на:

  • Регионален Менаџер за клучни купувачи за територија на Р.С Македонија

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Спроведување на бренд стратегии кај клучните купувачи;
  • Проширување на бројот на клучни купувачи на соодветниот регион;
  • Унапредување на дистрибуција во аптеките за целокупното портфолио на Галеника;
  • Развивање на целокупниот бизнис со цел зголемување на продажбата и профитабилноста во работата со купувачите и остварување на зададените таргети за продажба;
  • Редовни извештаи за преглед и анализа за перформансите на каналите и купувачите;
  • Одржување одлични односи со клучните клиенти со цел да се постигнат позитивни деловни резултати;
  • Активно учество, поддршка и придонес во процесот на спроведување на активности кај клучните купувачи.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет);
  • Минимум 3 години искуство во полето на продажба;
  • Активно познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office;
  • Положен возачки испит (Б категорија).

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Професионална стручност;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионалност и желба за развој;
  • Одлични презентациски вештини.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Доколку сте заинтересирани за отворената работна позиција, своите професионални биографии можете да ги испратите на: rabota@dekra.mk

Крајниот рок за аплицирање е : 25/04/2021

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota@dekra.mk

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 25.04.2021
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.