Специјалист по фармацевтска регулатива и фармаковигиланца

DEKRA
  • Објавено на: 07/02/2024

Компанијата World Medicine Ilac San ve Tic. A.S., Истанбул, Турција (World Medicine-Pharmaceutical Company) има потреба од Специјалист по фармацевтска регулатива и фармаковигиланца

Основни функции и одговорности:

  • Oбезбедува навремена подготовка, поднесување и соодветно следење на нови апликации за издавање одобренија за ставање на лекови во промет до локалните регулаторни органи во Р. Северна Македонија.
  • Обезбедува одржување на одобренијата за ставање на лекови во промет преку навремено поднесување на варијации, апликации за обновување на одобренијата.
  • Поднесува апликации за одобрување на цени за лековите во релевантните институции
  • Развивање и одржување на позитивни односи со засегнатите страни во регулаторната средина.
  • Следење на законската регулатива во Р. Македонија и информирање на соодветните лица
  • Комуникација со регулаторни и овластени органи во Р. Северна Македонија
  • Извршување на локални и компаниски активности од областа на фармаковигиланцата (одговорно лице за PV на локално ниво за компанијата)

Потребни квалификации:

  • Високо образование од областа на медицината или фармацијата (специјализација по фармацевтската регулатива или фармаковигиланца ќе се смета како предност во изборот на кандидат).
  • Со искуство во областа на фармацевтската регулатива
  • Организираност, одговорност и ефикасност, посветеност на детали
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Работа во дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури

Што нудиме:

  • Основна плата по договор
  • Мотивирачка работна средина
  • Работа во реномирана интернационална компаниja

Работно време од 08:00 – 16:00 часот, од понеделник до петок.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на samir.alimerdenov@lekconsult.bg ; natasha.dodov@worldmedicine.mk. Само кандидатите кои во целост ги исполнуваат критериумите ќе бидат контактирани.

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 07.03.2024
  • Емаил за апликација: samir.alimerdenov@lekconsult.bg
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.