Во име на наш клиент, ДЕКРА ја објавува позицијата:
- Специјалист за продажба и преговарање со аптеки
РАБОТНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ
- Идентификува и креира можности за унапредување на продажбата;
- Организира средби и посети на аптеки со цел воспоставување и одржување на партнерските односи;
- Одговорен за ефективно остварување на планот за продажба на доделената територија;
- Надгледува и координира наплата на побарувања;
- Изготвува редовни извештаи за остварени посети и прави анализа на пазарот врз основа на собрани релевантни информации.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- ВСС-Фармација, Стоматологија, Економски;
- 1-2 години искуство;
- Одлични комуникациски и презентациски вештини;
- Силни преговарачки способности;
- Способност да работи ефективно, самостојно и како дел од тим.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии и задолжително мотивациско писмо, можат да ги испратат на rabota.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Детали за огласот
- Место: Македонија
- Истекува на: 08.12.2024
- Емаил за апликација: rabota.arbeit.mk@dekra.com