ИНБОХ ДООЕЛ Скопје, компанија со уникатна дејност – професионален архивски и дата центар во Македонија, кој на своите клиенти им нуди врвна заштита на податоци и документи во своите физички и дигитални архиви, има потреба од вработување на правник насочен кон континуиран професионален раст и развој, за работната позиција:
Стручен соработник за правни работи и корпоративно управување
Основен ангажман на Соработникот за правни работи и корпоративно управување:
· во склад со Законите, правната форма на друштвото и одлуките за стратешко управување, има обврска да создава и одржува ефикасен систем за корпоративно управување и да ја заштитува законитоста и правата на компанијата и нејзините сопствениците
· постајано стручно да се усовршува во предметното поле на овластувања и да се вмрежува во професионални и деловни асоцијации и здруженција, од каде ќе црпи знаења, ќе создава позитивни професионални и деловни врски и релации и истите ќе ги става во функција на зголемување на угледот и на активната промоција на деловниот потфат на ИНБОХ
· да создава, менува и да ги одржува сите корпоративни правни акти кои се законски пропишани согласно правната регулатива која се однесува на трговската форма на ИНБОХ , како и интерните правни акти со кои се регулира корпоративното работењето на ИНБОХ
· да ја гарантира законитост во работењето на ИНБОХ и спроведувањето на Одлуките на сопствениците преку изработка на интерни правни акти
· да следи, известува и превзема дејствија за отстранување или неутрализација на изложеноста на правни ризици
· во склад со интересите на деловниот потфат на ИНБОХ да ги регулира сите Деловни облигациони односи (интерни и екстерни) и да ги претвора во јасни, прецизни, временски, суштински и трошковно прецизно одредени правни односи
· да воспоставува и одржува комуникација со надворешни правни Соработници и Советници, со надворешни Адвокатски и Нотарски канцеларии и Извршители, со државни институции, Домашни и Мегународни асоцијации од деловната област на ИНБОХ, (архивско работење и чување и заштита на податоци) и Меѓународни асоцијации и Агенции кои даваат предметна/финансиска или корпоративна помош и поддршка во работењето
· да се грижи за примена на професионалните компаниски стандарди, системот за квалитет, пропишаните процедури и за професионална презентација на брендот пред клиентите
Кандидатот треба да поседува:
· Образование: ВСС – Правен факултет
· Искуство: 1-2 години
Способности и вештини:
· Способност за тимска работа
· Лична одговорност и ефективност
· Добро знаење на англиски јазик и компјутерски вештини
· Позитивен став , амбициозност, енергичност и прилагодливост
· Издржливост и способност за работа под притисок
Што нудиме:
· Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
· Два дополнителни бонус слободни денови во годината
· Конкурентна плата и бенефиции
Вашата професионална биографија и мотивациско писмо испратете ги на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 31.03.2024 година, со назнака: “Стручен соработник за правни работи и корпоративно управување”.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 21.04.2024
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено