Стручен соработник за продажба

DEKRA
  • Објавено на: 10/09/2018

КБ Прво пензиско друштво АД Скопје има потреба од вработување на 2 (две) лица – Стручен соработник за продажба

 

Опис на работните обврски:

  • Продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен;
  • Подготовка на документацијата за презентација на доброволното пензиско осигурување во компаниите;
  • Контактирање на потенцијални клиенти и закажување на состаноци;
  • Склучување на договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства;
  • Подготовка, организација и реализација на промотивни активности;
  • Известување на претпоставениот за сите продажни активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено минимум средно образование;
  • Упишан во Регистарот на агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС);
  • Да поседува возачка дозвола Б категорија;
  • Предност имаа кандидатите со искуство во областа на финансии, осигурување.

Заради исполнување на условот – кандидатот да е упишан во Регистарот на агенти во МАПАС Друштвото распишува оглас за пријавување на кандидати кои ќе полагаат испит за агент за вршење на работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување

Услови кои треба да ги исполнуваат кандидатите кои ќе полагаат испит:

Државјанин на Република Македонија;

Завршено минимум средно образование;

Да не е вработен во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Управата за јавни приходи и агенции за привремени вработувања;

Со правосилна одлука да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;

Да има живеалиште во Република Македонија – во регионот на Струмица, Битола и околината.

Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.

Документацијата за пријавување на кандидати за испит:

  1. Изјава за живеалиште на кандидатот;
  2. Фотокопија од Уверение за државјанство на кандидатот;
  3. Фотокопија од диплома за завршено образование;
  4. Оригинал уверение за неизречена прекршочна санкција – забрана за вршење дејност што го издава надлежниот Суд или Ценрален регистар на Македонија;

Наведената документација треба да се достави на барање на Друштвото најдоцна до 28 септември 2018.

Доколку се гледате себе си во динамична средина, полна со интересни предизвици и можности за вработување и развој во Друштвото, пратете ја вашата лична биографија на: rabota@dekra.mk најдоцна до 24.09.2018.

За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: contact@kbprvo.com.mk или на тел. 02 /32 43 777.

Лице за контакт: Сунчица Нешовска

 

 

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 24.09.2018
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Индустрија: Финансии
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.