Стручен соработник

Натусана Македонија
  • Објавено на: 11/09/2018

Наш клиент е Натусана Македонија, компанија која работи во доменот на трговија на големо со лекови, помошни лековити средства, додатоци на исхрана и медицински помагала. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следнава позиција: СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

Опис на работнoто место:

  • Комуникација и посета на стручни лица – лекари од општа пракса и специјалисти;
  • Креирање на комуникациски стратегии со истоветните профили на лекари кои би придонеле во зголемена доверба од препораката на тие производи и нивен зголемен излез во малопродажбата;
  • Остварување на резултати од зададени продажни планови и активности.

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо Образование – медицински, стоматолошки или фармацевтски факултет;
  • Пожелно е минимум едногодишно искуство на истата позиција;
  • Пожелно е претходно работно искуство во претставништво на фармацевтска фирма;
  • Валидна возачка дозвола Б категорија;
  • Одлично познавање на MS office пакетот;
  • Одлично познавање на Англиски или Германски јазик.

Професионални знаења и способности:

  • Динамична личност со изразени комуникациски и презентациски вештини;
  • Висока мотивираност, професионалност и дисциплина;
  • Афинитет кон негување и лекување со традиционални лековити средства;
  • Способност бенефитите од лековите да умее да ги презентира и промовира на лесен и разбирлив начин;
  • Проактивност, организираност и ориентираност кон остварување на резултати.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 04/10/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

 

Детали за огласот
  • Место: Македонија
  • Истекува на: 04.10.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Медицина, фармација, ветерина, Фармација
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.