Инбох ДООЕЛ Скопје, е компанија со специјализирана дејност за управување со документи и информации во име и за сметка на најголемите брендови во државата. Инбох е иновативна компанија која ги поместува стандардите за ефикасност во административно работење како во физичко така и во сверата на Е-архивирање и дигитализација на документи и работни процеси. За остварување на своите административни задачи, ИНБОХ има потреба и нуди вработување на енергичнa и проактивнa личност за следнава работна позиција:
ВОЗАЧ – ЛОГИСТИЧКИ РАБОТНИК
Избраниот кандидат ќе биде задолжен за:
- Врши безбеден и сигурен транспорт на материјал од локациите на клиентот и обратно
- Врши внесување/изнесување на пристигнатата/испорачаната документација и распределување на истата на локација
- Ги почитува пропишаните стандарди за безбедност на документарните депоа и транспортните возила
Личен профил на кандидатот:
- Завршено средно образование
- Работно искуство со логистички системи и уреди е предност
- Претходно работно искуство во дистрибуциј ќе се смета за предност
- Посветена, одговорна, динамична и иницијативна личност
- Способност за тимска работа
- Возачка дозвола Б категорија, Ц категорија ќе се смета за предност
Што нудиме:
- Работно време од 08:00 до 16:00 од понеделник до петок
- Два дополнителни бонус слободни дена во годината
- Организиран превоз
- Можност за континуиран кариерен раст и развој
- Дневници и надоместок за ангажман надвор од работно време
Вашата професионална биографија испратете ја на jobs@inbox.com.mk, најдоцна до 10.09.2024 година, со назнака: “Возач – Логистички работник”, и станете дел од нашиот тим.
Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во Вашата порака да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во базата на Инбох за идни вработувања. Доколку нема никаква напомена, податоците ќе бидат уништени.
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 10.09.2024
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено