ПРАВИЛА ЗА ПРОЦЕДУРАТА ЗА ИНФОРМИРАЊЕ НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ И ОСТВАРУВАЊЕ НА НИВНОТО ПРАВО НА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ВО АГЕНЦИЈА ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЗЕМЈАТА И СТРАНСТВО СО НАПЛАТА ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ СКОПЈЕ
Член 1
Со овие правила се воспоставува процедура за информирање на субјектите на лични податоци во врска со обработката на собраните лични податоци и се утврдуваат начините на кои субјектите може да го остварат правото на пристап и исправка на личните податоци кои се обработуваат од страна на Агенцијата за посредување при вработување во земјата и странство со наплата ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ Скопје (во продолжение: ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ).
Член 2
(1) Субјекти на лични податоци се лицата чии лични податоци се обработуваат од страна на ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ, а тоа се вработените лица во ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ, како и корисниците на он-лајн базата на податоци.
(2) За потребите на овие Правила, како контролор и обработувач на лични податоци, се смета било кое вработено лице кое настапува во име на ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ, освен ако поинаку не е определено со овие Правила.
Член 3
(1) Кога ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ прибира лични податоци директно и во усна форма го информира субјектот на лични податоци во врска со:
– идентитетот на ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ при што за таа цел ги наведува основните информации како што се називот на ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ и функцијата на конкретното лице кое ги обработува податоците;
– целите на обработката;
– задолжителноста на давањата на одговорите на прашањата и можните последици ако не се даде одговор; и
– постоењето на право на пристап и право на исправка на неговите лични податоци.
(2) Доколку се работи за субјект кој е веќе информиран и запознаен со работите наведени во ставот (1) на овој член, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ не врши повторно информирање на субјектот, освен доколку целите на обработката и категориите на лични податоци не се променети во однос на оние за кои субјектот бил првично информиран.
Член 4
ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ не прибира и обработува на систематска основа лични податоци за субјектот на лични податоци преку трето лице.
Член 5
Кога согласно закон или договор ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ е обврзана да ги пренесе обработените лични податоци на трето лице, како што е случај со пренос на податоци до информацискијот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија, тогаш во времето на евидентирање на личните податоци, односно најдоцна до моментот кога податоците првпат се откриваат на третото лице, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ усно го информира субјектот на лични податоци за работите наведени во член 3 став (1) на овие Правила.
(2) Доколку се работи за субјект кој е веќе информиран и запознаен со работите наведени член 3 во став (1) на овие Правила, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ не врши повторно информирање на субјектот, освен доколку целите на обработката и категориите на лични податоци не се променети во однос на оние за кои субјектот бил првично информиран.
Член 6
Субјектот на лични податоци има право усно во текот на работното време на ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ или писмено во кое било време да побара од ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ да биде информиран во врска:
– дали се врши обработка на неговите лични податоци;
– за целите и правната основа на обработката на личните податоци,
– корисниците на кои им се откриваат личните податоци;
– за изворот на податоци, и
– за логиката на автоматизирана обработка, во случај на автоматска обработка, која има влијание врз субјектот на лични податоци.
Член 7
(1) ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ ги дава бараните информации во усна форма веднаш или доколку поради итни и неодложни работи не е во можност веднаш да одговори, тогаш во разумно време.
(2) Доколку субјектот на лични податоци бара информациите да му бидат доставени во писмена форма тогаш ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ одговорот го доставува во рок од 7 дена од денот на приемот на барањето.
(3) Доставата на информациите се врши на дадената адреса за е-пошта на субјектот на лични податоци, освен доколку субјектот не побара информациите да му бидат доставени во хартиена форма. Доколку ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ оцени дека доставувањето на информациите во хартиена форма предизвикува несразмерни трошоци, тогаш го задржува правото документот во кој се содржани информациите да го достави во електронска форма на соодветен медиум.
Член 8
Кога ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ еднаш доставиле информации, односно одговориле на барањето на субјектот на лични податоци, тогаш немаат обврска повторно да одговорат на исто или слично барање на тој субјект, освен во следните случаи:
– ако во меѓувреме дошло до промена на личните податоци на субјектот, или
– ако од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање изминале шест месеца.
Член 9
(1) По барање на субјектот на лични податоци или по укажување на надлежен орган кој ги обработува личните податоци, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ ќе ги дополни, измени, избрише или ќе го прекине користењето на личните податоци, доколку:
– податоците се нецелосни, неточни или неажурирани, или
– обработката на податоците не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци.
(2) Барањето од став (1) од овој член може да биде и во усна форма, при што заради евиденција ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ составува белешка во која се наведуваат основни информации за барањето и на која се потпишува субјектот на лични податоци.
(3) ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ има право да побара од субјектот на лични податоци доказ во форма на документ (на пример, лична карта) од која може да се утврди точноста на податокот за кој се бара промена.
Член 10
Во случај кога ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ при обработката утврди дека на личните податоци на субјектот се нецелосни, неточни или неажурирани, истите ќе ги дополни, измени или избрише, независно од тоа дали субјектот на лични податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци.
Член 11
За извршеното дополнување, измена или бришење на личните податоци, согласно членовите 9 и 10 од овие Правила, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ најдоцна во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето, односно од денот на утврдената неточност на податоците, писмено го известува субјектот на лични податоци, корисниците на личните податоци или третите лица на кои им се откриени личните податоци, освен ако тоа не е возможно или ако тоа бара несразмерен напор или трошоци.
Член 12
Овие Правила им се доставуваат на сите вработени лица во ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ, а на корисниците на он-лајн базата на податоци им се прават достапни преку нивно поставување на веб страницата, без разлика дали постои барање од страна на субјектот на лични податоци.
Член 13
При секое изменување или дополнување на овие Правила, ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ ги известува сите субјекти чии лични податоци ги обработува, вклучително и оние кои веќе биле претходно информирани и запознаени со овие Правила.
Скопје, 08.04.2013
ДЕКРА ПОСРЕДУВАЊЕ