Спроведуваме разновидни анкети и истражувања за да добиеме витални информации за пазарот, како и увид во законските регулативи за пазарот на труд, трендовите и движењата на работната сила, сè со цел да обезбедиме поддршка за компаниите во делот на раст и развој на човечкиот капитал.
DEKRA принципи
-
Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.
-
Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.
-
Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.
-
Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.