Истражувањето на плати и бенефиции е стандарден метод за откривање колку другите компании плаќаат за специфични работни места или класи на работа.
Во комбинација со останати алатки кои ги користиме, истражувањето на плати и бенефиции обезбедува корисни информации за привлекување, поддршка и задржување на вработените во контекст на организацискиот план и исто така, ги поставува нивоата на компензација во компанијата.
Резултатите од истражувањето даваат увид во платите и бенефициите во рамките на Вашата област или индустрија, вклучувајќи корисни информации за споредба на плати и бенефиции.
Истражувањето го спроведуваме со бројни работодавачи, со дел да ги детерминираме нивоата на плати и бенефиции за специфични категории на работа, и истражувањето се спроведува или по сектор, регион и/или по класификација на работа.
DEKRA принципи
-
Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.
-
Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.
-
Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.
-
Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.