По купување “After shopping”, е метод на истражување кој обезбедува информации зошто Вашите клиенти / купувачи се одлучуваат да ги купат или да не ги купат Вашите производи / услуги.
По купување се одвива во моментот кога клиентот / купувачот го напушта Вашето продажно место, додека впечатоците се сеуште свежи. Обучени интервјуери спроведуваат интервју со клиентите и ги забележуваат нивните одговори.
Врз основа на податоците добиени од структуираното интервју, DEKRA подготвува извештај вклучувајќи информации за потребите на Вашите клиенти / купувачите, како ги перцепираат услугите / производите, што влијае на нивната одлука за купување, што мислат за конкуренцијата и што би очекувале од Вас во иднина за да продолжат да ги користат Вашите услуги / производи.
DEKRA принципи
-
Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.
-
Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.
-
Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.
-
Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.