Таинственото купување е метод на истражување на пазарот во кој обучени таинствени купувачи се однесуваат како потенцијални купувачи на Вашите услуги/производи и проценуваат до кој степен, однесувањето на Вашите вработени, во текот на интеракцијата со купувачи / клиенти, е усогласено со поставените стандарди.
Според однапред дефинирани критериуми, таинствените купувачи го мерат квалитетот на услугите и потоа детално и објективно известуваат за своето искуство.
Преку примена на методот на “Таинствено Купување”, DEKRA им овозможува на своите клиенти да ги развијат постоечките стандарди и да го подигнат задоволството кај купувачите / клиентите.
Чекори:
- Дефинирање на процеси
- Одредување на бројот на посети
- Развивање на “временска шема”
- Развивање на сценарио и прашалници
- Регрутација и обука на “таинствени купувачи”
- Работа на терен: изведба на купување
- Работа на терен: повратна информација
- Анализа на податоци
- Извештаи
Прашалникот и сценариото користени во истражувањето, се креираат во соработка со клиентот. Прашалникот се состои од структурирани логички да/не и повеќекратен избор на одговори за да се елиминира субјективност при забележување на опсервациите.
Отворените прашања се користат само како појаснување и поддршка на опсервациите на таинствените купувачи. По потреба, таинствените купувачи обезбедуваат и дополнителни коментари.
DEKRA принципи
-
Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.
-
Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.
-
Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.
-
Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.