РЕГРУТАЦИЈА
Регрутацијата вклучува лоцирање и привлекување на индивидуи со цел пополнување на отворените работни места на најефикасен можен начин.
Процесот на регрутација зависи од нивото на позицијата, како и од застапеноста на позицијата на пазарот на работна сила.
Со цел да ги лоцираме најкомпетентните кандидати за бараните работни позиции, ги користиме сите расположиви канали:
СЕЛЕКЦИЈА
Со цел пронаоѓање на кандидати кои најдобро ги пресретнуваат Вашите потреби, како и критериумите за селекција за одредено работно место, применуваме докажани методолошки практики, користејќи сеопфатен пристап при селекција на потребниот кадар кој вклучува:
-
Проверка на кратки биографии и креирање на потесна листа на кандидати.
-
Иницијален разговор со кандидатите за позицијата, компанијата, нивната компетентност за работната позиција, заинтересираност.
-
Психометриско тестирање кое го поддржува процесот на селекција преку тестирање на личните карактеристики и интелектуалната способност на кандидатите.
-
Бихејвиорално интервју со проверка на компетенции и вештини потребни за работното место, мотивација, вредности, работно сценарио/случај, проследено со проверка нa професионалното искуство на кандидатот.
-
Проверка на препораки.
DEKRA принципи
-
Применуваме индивидуален пристап со цел да обезбедиме решенија за Вашите потреби за квалификувани професионалци.
-
Ви овозможуваме сеопфатна и интензивна поддршка од нашиот HR тим.
-
Применуваме докажана методологија при регрутација и селекција на професионалци.
-
Фокусирани сме на долготрајно вработување на кандидатите.