Организациската култура ги претставува колективните вредности, верувања и принципи кои го регулираат однесувањето на луѓето во организациите.
Во силна и кохезивна култура, клучните организациски вредности се широко распостранети и прифатени од вработените. Овој висок интензитет на заеднички верувања, прави релативно лесно:
-
Да се постигне консензус помеѓу вработените
-
Да се создаде фокус кон важните цели
-
Да се намалат потенцијалните конфликти
-
Да се култивира средина на учење
-
Да се намали флуктуацијата на вработените
DEKRA применува валиден и корисен модел за мерење на организациската култура, бидејќи силната организациска култура е примарен двигател на мотивацијата и посветеноста на вработените.
DEKRA принципи
-
Нашите консултантски услуги се прилагодени на Вашиот бизнис.
-
Покриваме широк спектар на услуги од областа на човечките ресурси согласно Вашите потреби.
-
Применуваме сеопфатен и иновативен пристап.
-
Негуваме долготрајно партнерство и поддршка.