Обуките се состојат од планирани програми и модули дизајнирани да ја подобрат перформансата на индивидуално, групно и организациско ниво. DEKRA програмите за обука на вработените се прилагодени на специфичните потреби на клиентот и нашите методи се од интерактивен и мултимедијален карактер, базирани на искуствено учење, со цел развивање на нови вештини за личен и организациски развој.
Обуките се дизајнирани да бидат интерактивни, вклучувајќи вежби, прашалници, примери, игри на улоги и сл., кои се соодветни и сродни на учесниците.
-
Обучувачите користат аудио-визуелен пристап и индивидуални и тимски базирани вежби.
DEKRA принципи
-
Нашите консултантски услуги се прилагодени на Вашиот бизнис.
-
Покриваме широк спектар на услуги од областа на човечките ресурси согласно Вашите потреби.
-
Применуваме сеопфатен и иновативен пристап.
-
Негуваме долготрајно партнерство и поддршка.