Во име на нашиот клиент MAX&Co, современ моден бренд креиран во Италија кој е присутен на пет континенти со повеќе од 400 продажни места, ДЕКРА ја огласува позицијата:
- ВИСУАЛ АСИСТАНТ ЗА ПРОДАЖБА
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:
- Обезбедува брза, внимателна и соодветна услуга за сите клиенти;
- Познавање на ВМ и местење на продажниот салон;
- Работа на каса, наплата (готовина и платежни картички);
- Следење на лагер на артикли во продажниот салон и екстерен магацин;
- Учество во давање предлози за нарачки, за промоции, акции, новитети;
- Учество во правење на попис на артикли;
- Физички прием на роба во продажен салон и магацин;
- Осигурување на највисок стандард на услуги кон клиенти во секое време;
- Одржување и уредување на продажниот простор;
- Усогласеност со сите политики, процедури и директиви на компанијата.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Средно образование;
- 2-3 години работно искуство во ВМ;
- Познавање на англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Високо ниво на комуникациски вештини;
- Позитивен став;
- Вештини за преговарање и убедување;
- Работа во тим.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:
Работа во смени ( прва, меѓусмена и втора). Се работи од понеделник до недела, со еден слободен ден во неделата.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: job.arbeit.mk@dekra.com
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА.
Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: rabota.arbeit.mk@dekra.com
Job Detail
- Expires on: 15.04.2024
- Email for application: job.arbeit.mk@dekra.com