Координатор за планирање на производство

Теламон
  • Објавено на: 06/07/2018
Опис на компанијата

Kако една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, нашиот клиент ТЕЛАМОН, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, отвара фабрика и во Скопје, Инџиково како една од најповолните локации за индустриско производство, за да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:

  •  Координатор за планирање на производство
Опис на работното место
  • Креира распоред за производство и врши промени кога е потребно за да ја оптимизира ефикасноста на производството;
  • Креира нови или ги менува постоечките работни налози во ЕРП системот за испраќање на нарачките или зголемување/намалување на барање;
  • Обезбедува бек-ап за поддршка за давање на работните налози за производните компоненти;
  • Затворање на работни налози во ЕРП системот кога сите налози во производството се завршени;
  • Изработува листови за пратки за дневните испораки за потребите за одделот за испорака;
  • Процесната испорака вклучува изработка на испратници, фактури и други документи;
  • Врши проверка на залихите на готови производи за да утврди каков е прогресот во работните налози;
  • Следи и одржува точна залиха на готови производи;
  • Известува за кусокот на материјали;
  • Помага при испраќањето на производите за да одговори на барањата на клиентите;
  • Лице за контакт за готови производи;
  • Соработува со лицата за испорака за да разреши некои прашања за тековни или минати испораки;
  • Помага во решавањето на проблеми поврзани со варијации во испораката од страна на клиентите.
Потребни квалификации
  • Завршено средно образование;
  • Минимум 2 години искуство во производство/складиште;
  • Познавање на TS16949 стандарди;
  • Познавање од областа на практиките за lean производство како на пр. JIT, Kaban, Takt time;
  • Напредно користење на MS Office;
  • Солидно познавање на англиски јазик.
Професионални знаења и способности
  • Способност за работа во динамична средина;
  • Способност за изработка на извештаи и коресподенција;
  • Способност за решавање проблеми и способност за управување со различни стандардни ситуации;
  • Идентификување на сложени проблеми и податоци за развој, евалуација и имплементација на решенија;
  • Способност за вршење аналитички активности.
Дополнителни информации

* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА

ТЕЛАМОН е посветен на политиката за еднаквост, разноликост и инклузија.
Се водиме по начелото луѓето да не се дискриминираат по било којa основa, како возраст, посебни потреби, етничка припадност, пол, религија или сексуална ориентација.
Ги охрабруваме припадниците на сите општествени групи да аплицираат соодветно на барањата на позициите.
 

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/07/2018.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 20.07.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Производство
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на неопределено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.