Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување, компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.
Семејството на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје се шири и е во потрага по посветени, амбициозни, високо мотивирани лица со проактивен став и желба за успех во областа на продажбата на позиција:
Советник за продажба на животно осигурување
Квалификации:
- ССС/ВСС
- Без работно искуство или со мало работно искуство
- Основно познавање на работа на компјутер
Кроациа Осигурување – Живот уште од првиот ден Ви нуди:
- Вработување на полно работно време
- Конкурентна плата и бенефиции
- Сеопфатна обука и посветено, професионално менторство во првите месеци на процесот на воведување на работното место
- Поддршка, следење и наградување на работните успеси од првиот ден на вработување
- Континуирано вложување во личниот и кариерен развој на секој вработен во Кроациа Осигурување –Живот
Сигурноста на иднината на луѓето околу Вас е во Ваши раце!
Доколку се гледате себе си како дел од семејството на Кроациа Осигурување – Живот и можете да одговорите на предизвиците на овој бизнис сектор на позицијата Советник за продажба на животно осигурување, Декра Ве охрабрува да аплицирате на следнава е-маил адреса: rabota@dekra.mk, најдоцна до 15.05.2019 год. со назнака на позицијата за која аплицирате.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Детали за огласот
- Истекува на: 15.05.2019
- Емаил за апликација: rabota@dekra.mk