Опис на компанијата
Нашиот клиент ТЕЛАМОН, една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, неодамна отвори фабрика и во Скопје, Инџиково, како една од најповолните локации за индустриско производство, се со цел да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:
- Техничар за жичани машини
Опис на работното место
- Ги врши сите поправки и ја одржува машината во исправна состојба за да може да се обезбеди нејзино правилно функционирање;
- Навремено извршување на сите рутински проверки и одржувања;
- Вршење на сите корективни поправки;
- Идентификација на било кој резервен дел потребен за одржување на системот во добра состојба;
- Идентификација и употреба на било каков алат потребен за процесот на одржување;
- Правилно решавање на проблеми во однос на утврдените грешки на машината.
Потребни квалификации
- Диплома за завршено средно образование или нејзин еквивалент;
- Претходно искуство во автомобилска индустрија ќе се смета за предност;
- Основни компјутерски вештини ќе се сметаат за предност.
Професионални знаења и способности
- Основни математички вештини;
- Основни вештини за читање и пишување;
- Основни познавања од електрониката;
- Основни логички познавања на PLC и вештини;
- Основни познавања од областа на пневматиците;
- Основни машински познавања за процесот на кримпување.
Дополнителни информации
* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 17/04/2019.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 17.04.2019
- Емаил за апликација: job@dekra.mk
- Индустрија: Производство
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено