СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА НА ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ

Кроациа Осигурување- Живот
  • Објавено на: 09/05/2019

Пазарот за животно осигурување во Македонија официјално започнува да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Компанија која низ годините се издвои себе си како ЛИДЕР на пазарот за животно осигурување,  компанија која за македонските граѓани претставува синоним за сигурност и квалитет благодарение на своите вработени и грижата за клиентите.

Семејството на Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје се шири и е во потрага по посветени, амбициозни, високо мотивирани лица со проактивен став и желба за успех во областа на продажбата на позиција:

 

Советник за продажба на животно осигурување

 

Квалификации:

  • ССС/ВСС
  • Без работно искуство или со мало работно искуство
  • Основно познавање на работа на компјутер

 

Кроациа Осигурување – Живот уште од првиот ден Ви нуди:

  • Вработување на полно работно време
  • Конкурентна плата и бенефиции
  • Сеопфатна обука и посветено, професионално менторство во првите месеци на процесот на воведување на работното место
  • Поддршка, следење и наградување на работните успеси од првиот ден на вработување
  • Континуирано вложување во личниот и кариерен развој на секој вработен во Кроациа Осигурување –Живот

 

Сигурноста на иднината на луѓето околу Вас е во Ваши раце!

 

Доколку се гледате себе си како дел од семејството на Кроациа Осигурување – Живот и можете да одговорите на предизвиците на овој  бизнис сектор на позицијата Советник за продажба на животно осигурување, Декра Ве охрабрува да аплицирате на следнава е-маил адреса: rabota@dekra.mk, најдоцна до 15.05.2019 год. со назнака на позицијата за која аплицирате.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Детали за огласот
  • Истекува на: 15.05.2019
  • Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.