Автонова
Опис на компанијата
Наш клиент е компанијата АВТОНОВА ДОО Скопје, ексклузивен увозник за марките CITROËN и DS за Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија.
Во име на својот клиент, Декра ја објавува следната позиција:
- СМЕТКОВОДИТЕЛ
Опис на работното место
- Врши контрола на сите влезни и излезни документи согласно законската регулатива како и сметководствените политики на фирмата и нивна сметководствена обработка;
- Ги прима сите документи и врши контрола и уплата на дневен промет, навремено плаќање на царинските давачки, навремено плаќање на обврските кон странство и обврските во земјата како и нивна сметководствена обработка;
- Следење и наплата на побарувањата од сите правни и физички лица за купопродажба на стоки или услуги- сервисирање како и контрола на имплементацијата на купопродажните договори;
- Изготвување на неделни и месечни извештаи за Генералниот директор и финансовиот директор;
- Ги изготвува во предвидените рокови сите извештаи кои согласно законската регулатива треба да се достават до Министерство за финансии-УЈП, НБРМ, Царинска управа, Статистика, Завод за вработување;
- Ги врши сите подготвителни работи во врска со годишната сметка и изготвување на истата заедно со финансовиот директор;
- Навремено обезбедување на сите документи за учество на тендери согласно законот за Јавни набавки;
- Соработува со другите членови на менаџерскиот тим со цел зголемување на профитабилноста и квалитетот на работењето;
- Извршување на сите други задачи и барања од страна на Генералниот директор и финансовиот директор во рамки на сметководството и финансиите.
Потребни квалификации
- Диплома за завршен Економски факултет;
- Уверение за овластен сметководител;
- Минимум 2 години работно искуство во иста или слична индустрија;
- Познавање и користење на англиски јазик;
- Одлично познавање и работа со Excel;
- Солидно познавање и работа со сметководствени програми.
Професионални знаења и способности
- Добри аналитички способности, уредност и одговорност;
- Умешност да се работи со голем број информации;
- Работа во куси временски рокови;
- Способност за индивидуална и тимска работа;
- Одговорна и лојална личност.
Дополнителни информации
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: rabota@dekra.mk .
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27/02/2020.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 27.02.2020
- Емаил за апликација: rabota@dekra.mk
- Индустрија: Автомобилска индустрија