Опис на компанијата
Kако една од најголемите приватни компании во Индијана за производство на кабелски сетови за пасивни системи за безбедност од автомобилската индустрија, нашиот клиент ТЕЛАМОН, со 9 локации во САД, Кина и Мексико, отвара фабрика и во Скопје, Инџиково како една од најповолните локации за индустриско производство, за да обезбеди услуги, висок квалитет и навремена испорака за своите потрошувачи. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:
- Лице за склопување на индустриски делови
Опис на работното место
- Склопување на индустриски делови според упатствата за процесот на квалитет користејќи разни алатки;
- Тестирање на склопената опрема;
- Ги потврдува сите делови и налепници согласно упатствата за работа;
- Евидентирање на серискиот број на делот на серијата;
- Следење на едноделен проток при склопување на готовите производи;
- Доколку е потребно да врши дневни превентивни проверки на состојбата на опремата;
- Доколку е потребно да ја калибрира опремата според спецификациите на примерокот на тестот Red Rabbit (за откривање на дефекти);
- Дава инструкции за визуелните помагала и инструкции за работа и се придржува до постапките за квалитет;
- Товарање на производи, пакување и транспорт;
- Избира и ги поставува деловите за склопување за да ги исполни потребите на производството;
- Врши проверка на квалитет на скlопените делови и ги евидентира резултатите;
- Сортира несоодветните материјали;
- Обучува и ги следи воспоставените процеси и постапки на Lean производство.
Потребни квалификации
- Диплома за завршено средно образование;
- Претходно искуство во автомобилска индустрија/склопување, ќе се смета за предност, но не е задолжително;
- Познавање и искуство за ракување со жичана машина (на пр. Komax, Schleuniger), ќе се смета за предност.
Професионални знаења и способности
- Способност да користи или да се обучи да користи разни рачни алати;
- Способност да ракува со рачна дигалка за палети;
- Способност да подига товар до 20 кг.;
- Способност за изведување основни математички операции (собирање, одземање, множење и делење);
- Способност за читање и разбирање на инструкциите за работа и на документите за квалитет;
- Мора да биде детален за да обезбеди квалитет при склопување на производите;
- Да биде редовен и доколку е потребно да работи и прекувремено.
Дополнителни информации
* ПОЛИТИКА НА ЕДНАКВОСТ И НЕДИСКРИМИНАЦИЈА
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги проследат на: job@dekra.mk со назнака на позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 20/07/2018.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Детали за огласот
- Место: Скопје, Македонија
- Истекува на: 20.07.2018
- Емаил за апликација: job@dekra.mk
- Индустрија: Производство
-
Вид на вработување:
Полно работно време на неопределено