Специјалист за системи за напојување, Инженер по електротехника-Енергетика (за реон Скопје и Централна Македонија)

DEKRA
  • Објавено на: 19/06/2018
Опис на компанијата

Во име на својот клиент, реномирана глобална телекомуникациска компанија, Декра ја огласува следната позиција:

Специјалист за системи за напојување Инженер по електротехника- Енергетика  (за реон Скопје и Централна Македонија)

Опис на работното место
  • Координира и реализира активности во делот на превентивно и корективно одржување;
  • Конфигурација на контролерите – подесување и далечински надзор на системи за напојување “Element Management” ( Дизел Ел.Агрегати, АЦ/ДЦ , УПС );
  • Координација на капацитивни проби на стационарни батерии и тестирање на стартни (употреба на инструменти);
  • Учествува со предлози за унапредување на постојните изведби / системи за напојување;
  • Координира процес за резервни делови;
  • Анализа на реализирани работни налози;
  • Го одржува нивото на клучните индикатори на перформансот на оптимално ниво преку навремено воочување и корекција на одредени аномалии во напојната инфраструктура;
  • Ефикасна реалзиација на теренски активности, инсталација, управување со инциденти, активности во делот на одржување;
  • Се грижи за прописно користење на целокупната опрема и возила во Секторот , согласно правилата и препораките како Државни така и компаниските интерни;
  • Ја органзиира , управува и контролира работата на партнерските фирми (подизведувачи);
  • Извршува и други активности во делот на електроенергетиката / напојни системи.
Потребни квалификации
  • 2+ години во делот на управување и одржување на системи и опрема за напојување;
  • Електроинженер Енергетика VII степен или останати ел.технички смерови со минимум 2 годишно искуство во бараната област;
  • Технички знаења во делот на електроенергетиката;
  • Работа со постројки под напон / заштита при работа со истите;
  • Искуство за управување и одржување на опрема од одредени производители се смета за предност :
    -ДЕАгрегати (Уљаник, Kirsch, WFM, Perkins/Deutz-Meccalte, Hatz)
    -АЦ/ДЦ системи ( Benning, ELTEK, Emerson )
    -УПС (Socomec, Schneider, Siecon )
    -Инверторски системи.
  • Соларни системи / конфигурации;
  • Работа со компјутер, MS Office;
  • Наменски софтверски апликации – Element Manageri за одредени системи;
  • Познавање на англиски јазик (најголемиот дел од техничката/стручната документација е на англиски јазик);
  • Возачка дозвола Б категорија.

 

Професионални знаења и способности
  • Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови;
  • Customer Oriented.
 

 

Дополнителни информации

Клиентот обезбедува тренинг и едукација за одредени системи, размена на искуства со членки на Компанијата во Регионот и пошироко. 

Работното време е 08:00-16:00 , вон работното време се плаќа пасивно дежурство или прекувремени часови.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите кратки биографии на англиски јазик, може да ги испратат на следната е-маил адреса: job@dekra.mk.

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 30/06/2018

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.

Детали за огласот
  • Место: Скопје, Македонија
  • Истекува на: 30.06.2018
  • Емаил за апликација: job@dekra.mk
  • Индустрија: Машинство и електротехника
  • Вид на вработување:
    Полно работно време на определено
  • Мапа

Shortlist Never pay anyone for job application test or interview.