По купување “AFTER SHOPPING”

По купување “After shopping”, е метод на истражување кој обезбедува информации зошто Вашите клиенти / купувачи се одлучуваат да ги купат или да не ги купат Вашите производи / услуги.

По купување се одвива во моментот кога клиентот / купувачот го напушта Вашето продажно место, додека впечатоците се сеуште свежи. Обучени интервјуери спроведуваат интервју со клиентите и ги забележуваат нивните одговори.

Врз основа на податоците добиени од структуираното интервју, DEKRA подготвува извештај вклучувајќи информации за потребите на Вашите клиенти / купувачите, како ги перцепираат услугите / производите, што влијае на нивната одлука за купување, што мислат за конкуренцијата и што би очекувале од Вас во иднина за да продолжат да ги користат Вашите услуги / производи.

DEKRA принципи

  • Обезбедуваме информации кои се во служба на потребите на клиентот.

  • Гарантираме доверливост на информациите и добиените податоци.

  • Негуваме професионална одговорност кон нашите клиенти.

  • Резултатите од истражувањето ги споделуваме навремено и ја гарантираме валидноста на истите.